АЈ ДА РЕЧЕМЕ УШТЕ ЕДНАШ – лирска песна, свадбарска

Booking.com

Ај да речеме уште еднаш,
еднаш мајка јунак раѓа,
таја ми је биљбиљ,
биљбиљ рано пее,
пее во мај месец.

.
Ај да речеме уште еднаш,
да се сторат два пати,
 две очи цуца има,
еднаш јунак мајка раѓа,
таја ми је биљбиљ,
биљбиљ рано пее,
пее во мај месец.
.
Ај да речеме уште еднаш,
да се сторат три пати,
три нозе перустија,
две очи цуца има,
еднаш јунак мајка раѓа,
таја ми је биљбиљ,
биљбиљ рано пее,
пее во мај месец.
.
Ај да речеме уште еднаш,
да се сторат четири пати,
четири боски крава има,
три нозе перустија,
две очи цуца има,
еднаш јунак мајка раѓа,
таја ми је биљбиљ,
биљбиљ рано пее,
пее во мај месец.
.
Ај да речеме уште еднаш
да се сторат пет пати,
пет прсти рака има,
четири боски крава има,
три нозе перустија,
две очи цуца има,
еднаш јунак мајка раѓа,
таја ми је биљбиљ,
биљбиљ рано пее,
пее во мај месец.
.
Ај да речеме уште еднаш,
да се сторат шес пати,
шес месеци пол година,
пет прсти рака има,
четири боски крава има,
три нозе перустија
две очи цуца има,
еднаш јунак мајка раѓа,
таја ми је биљбиљ,
биљбиљ рано пее,
пее во мај месец.
.
Ај да речеме уште еднаш
да се сторат седум пати,
седум ѕвезди на небото,
шес месеци пол година,
пет прсти рака има,
четири боски крава има,
три нозе перустија,
две очи цуца има,
еднаш јунак мајка раѓа,
таја ми је биљбиљ,
биљбиљ рано пее,
пее во мај месец.
Ај да речеме уште еднаш,
да се сторат осум пати,
осум моми на орото,
 седум ѕвезди на небото,
шес месеци пол година,
пет прсти рака има,
четири боски крава има,
три нозе перустија,
две очи цуца има,
еднаш јунак мајка раѓа,
таја ми је биљбиљ,
биљбиљ рано пее,
пее во мај месец.
.
Ај да речеме уште еднаш,
да се сторат девет пати,
девет месеци мајка носе,
осум моми на орото,
седум ѕвезди на небото,
шес месеци пол година,
пет прсти рака има,
четири боски крава има,
три нозе перустија,
две очи цуца има,
еднаш јунак мајка раѓа,
таја ми је биљбиљ,
биљбиљ рано пее,
пее во мај месец.

Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: свадбарска

Booking.com