Откријте го Мариово

Ајде, ќе шетаме
Пусто Маријово,
Мамо, мори мамо!

 

Ајде, ќе ватиме
Деветнај’се села
Старо Маријово,
Мамо, мори мамо!

Ајде, рeд по редум
Деветнајсе села
Старо Маријово,
Мамо, мори мамо!

Ајде, ќе ватиме
Село Петалино,
Мамо, мори мамо!
Петалински моми
Два-три мина души!
Ништо за гледање,
Ништо за пејење!

Ајде, ќе прејдиме
Во село Груништа,
Мамо, мори мамо!
Грунишките моми
Кркми начешлани,
Ѕулуфки пуштени!
Арно ми се гледат,
Арно ми се чинат!

Ајде, ќе дојдиме
Село Будимерци,
Мамо, мори мамо!
Будимерски моми
Горски јаребици!
На става убави,
Сете ми се лични!

Будимерски моми,
Тиј’ воденичарки!
Воденица седат,
Во брашно с’ брбешкат!

Ајде, ќе прејдиме
Село Градешница,
Мамо, мори мамо!
Градешките моми
Каци без обрачи!
Појасо ји паднат,
Се разлабавени,
Тија неспастрени!

Ајде, ќe дојдиме
Село Старавииа,
Мамо, мори мамо!
Старавински моми
Градина одаја,
Китки ми бераја!
Старавински моми
Змији присојници!
Ништо не одбират,
Ќе ми те укасат!
Тија челадина
Се како дивина!

Ајде, ќe дојдиме
Во селото Бзовиќ,
Мамо, мори мамо!
Бзовичите моми
Шлупка opejoвa!
Ништо не ми чинат,
Никој не ји сакат!

Бзовиќките моми
Сете се трларки!
Кај овци ќе одат,
На трло си седат!
 

Ајде, ќe прејдиме
Во Село-Манастир,
Мамо, мори мамо!
Село-манастирски
Моми црничарки!
Црници си берат,
Буби ќe си ранат;
Кожурци си прават,
Коприна ќe ткајат!
Манастирски моми
Кркми начешлани,
Вошки полазени!

Ајде, ќе дојдиме
Во село Бешишта,
Мамо, мори мамо!
Бешишките моми,
Тија јагленарки,
Тија нацрнети!

Ајде, ќe прејдиме
Во село Полчишта,
Мамо, мори мамо!
Полчишките моми
Око ми калешо!
Бело лице мијат,
Црна коса плетат;
Блазе им што имат
Пуста јубавина!

Полчишките моми,
Тија буништарки!
Во буништа седат,
Кошула си везат!
Полчишките моми
Кумит-посестримки!
Кумити чекаја,
Лубов си тераја!
Ајде, ќe прејдиме
Во село Мелница,
Мамо, мори мамо!
Селото Мелница
Пусто расипано!

Ајде, ќe дојдиме
Село Витолишта,
Мамо, мори мамо!
Село Витолишта,
Стреде Маријово,
Мудурлак станало
Мамо, мори мамо!
Витолишки моми
Сете пазарџики!
Ем се набелени,
Ем нацрвенети!
На чешма седаја,
Џандари чекаја!
Кога пазар дојде,
Ќе ми се измијат;
Ќе ми се очистат,
Ем ќe се очешлат;
Ќе ми се избелат,
Ем се нацрвенат;
Ќе ми се променат,
Ем ќe се наружат!
На пазар ќe одат
Како пазарџије,
Сете пазарџики,
Сете мераклики!

Ајде, ќe дојдиме
Во село Жијово,
Мамо, мори мамо!
Жијовските моми
Црни јагленарки!
Јаглени си прават,
На пазар продават;
На пазар одаја,    
Како Ѓупки црни!
Жијовските моми
Чавки окубани!

Ајде, ќe прејдиме
Во селото Врпско,
Мамо, мори мамо!
Врпските се моми
Сете желадарки!
По забели одат,
Дабови се качат;
Желади си берат,
Лебо да се ранат!
Пустата гладија,
Пуста голотија!
Врпските се моми
Долзи, процунати,
Многу неспастрени!

Ајде, ќе прејдиме
Во селото Рожден,
Мамо, мори мамо!
Рожденските моми
Сете боринарки!
Во планина одат,
Борина ќе берат;
Светелнико жежат,
Видело ќe прават;
При борина плетат,
При борина везат;
При борина шијат,
При борина крпат!

Ајде, ќe прејдиме
Во село Мрежичко,
Мамо, мори мамо!
Мрежичките моми,
Co меки вустанки,
По тиквешки одат,
По тиквешки носат!
Тија не се мажат
Пусто Маријово,
Тија ќe ми одат
Пуста Тиквешија!
Пуста Тиквешија,
Пуста голотија!

Ајде, ќe дојдиме
Во село Градишта,
Мамо, мори мамо!
Градишките моми
Сете чивлигарки!
На бего ќe одат
Пуста Тиквешија!
Измет ќe му прават,
Пуста голотија!

Ајде, ќe дојдиме
Во селото Клино,
Мамо, мори мамо!
Клинските се моми
Арно црноморни,
Ама ќe ми одат
Како рало рачка!
Тиј’ погрбавени,
Тиј’ криви рачици!

Ајде, ќe прејдиме
Одоваде Река
Мамо, мори мамо!

Ајде, ќe ватиме
Уште двата села
Старо Маријово,
Мамо, мори мамо!

Ајде, ќe дојдиме
Во село Галишта,
Мамо, мори мамо!
Галишките моми
Сете се козарки!
Прчеви ќe терат,
Кози ќe си молзат!
Ајде, ќe дојдиме
Село Гуѓаково,
Мамо, мори мамо!
Гуѓаковски моми
Свински бабулиња!
Co големо мео
Как свинско бабуле!
Гуѓаковски моми
Тија мрсоливи!
Насобајле тија
Образ не си мијат!
Co немијен омјаз
На работа одат!

Ајде, ишетаме,
Ајде, прошетаме,
Ајде, го видовме
Деветнајсе села
Старо Маријово,
Мамо, мори мамо!

Ајде, ќe ватиме
Уште друзи села
Одоваде Река;
Ајде, ќe шетаме
Мало Маријово,
Мамо, мори мамо!

Ајде, ќe прејдиме
Село Вепрчани,
Мамо, мори мамо!
Вепрчките моми
Горски јаребици!
Нивна јубавина
На далеку нема!
Тија се најздрави,
Ем ми се најлични!
Вепрчките моми
На вода одаја;
На вода одаја,
Лубов си тераја!

Ајде, ќe дојдиме
Во селото Дуње,
Мамо, мори мамо!
Село Дуње, мори,
Стреде Маријово,
Каракол станало,
Мамо, мори мамо!
Дуњските се моми
Сете дервенџики!
На дервен ќe одат,
Бели нози мијат;
Лице набелено,
Ем нацрвенето,
Арно променети,
Убаво ружани!
Само, мори, лажат,
Само, мори, мамат!
Дуње, пусто Дуње,
Дервенџичко било!
Стреде Маријово
Како скеле седи!
Кој по џаде оди,
Туа ми се враќа;
Туа ќe застане,
Конак ќe ми сака!
А моми ји лажат,
Лажат ем ји мамат!
Ако нешто тропаш,
Врата ќe отворат;
Ако нешто прашаш,
Тија ќe ти кажат;
Ако нешто сакаш,
Тија не ти дават!

Ајде, ќe прејдиме
Во село Пештани,
Мамо, мори мамо!
Пештанските моми
Сете буништарки!
Во буништа седат,
Кошула си везат;
Кошула си везат,
Чорапи си плетат;
Чорапи си плетат,
Саѓија си крпат!
Пештанските моми,
Круши раскапани!

Ајде, ќe дојдиме
Во селото Кокре,
Мамо, мори мамо!
Кокрчките моми
Петровко јабоко!
Нивната здравима
На далеку нема,
Нивна јубавина
Уште подалеко!
Ама, мамо мори,
Колко се убави,
Уште се полоши!
Ќе си види човек
Кој по пато оди;
Ќе ми го догледа
И ќe си му речи:
„Бујрум дома, бујрум!”
И ќe то занесе
Како љубовница!
Тија пазарџики,
Тија коначици!    

Ајде, ќe слезиме
Во селото Кален,
Мамо, мори мамо!
Каленските моми
Каци без обрачи!
Co долзи кошули,
Високи бојови;
На вода ќе одат
Појасо распасен;
Вута ји паднала,
Коцле искривено!
Тија растурени,
Тија неспастрени!

Ајде, ќе дојдиме
Село Крушевица,
Мамо, мори мамо!
Село Крушевица,
Тој на Поље ближи,
Мамо, мори мамо!
Крушевички моми,
Тија чивлигарки,
Тија буништарки,
Сете се вошливи!
Кркми начешлани,
Вошки полазени,
Во дворо ќе седат,
Црни вошки толчат!
Секоја недела,
Али празник нешто,
Ќе се зберат моми,
Ќе се зберат жени;
Надвор ќе испаднат,
На буништа седнат;
Солнце ќe ји грејат,
Ќе разговарајат;
Ќе си зборат секи
Женски муабети!
Што ќe прават веќе,
Вошки ќe си толчат:
„Ајде, сестро, мори,”—
Једна ќe си збори, —
„Глава ми обиди!
„Немам вошки многу,
„Повеќе се гниди;
„Два-три-петнајесс
„Само се големи!”
Једна ќe си лежи,
Друга ќe си седи;
Глава ќe ји држи,
Коса ќe ји бери:
Вошки ќe ји толчи,
Гниди ќe ји треби!
Кога првна стане,
Двеќа ќe си легне,
И па така зборо
Уште ќe си чинат,
Дур да се обиди
Врз секоја глава,
Дур да си истолчат
И вошки и гниди!
Тија проклетници,
Тија неспастрени!
Ајде, ќe дојдиме
Во село Пчаништа,
Мамо, мори мамо!
Пчанишките моми
Сете се овчарки!
Co крљег во раци,
Co дзиври на нози,
По ридо рипаја,
По поље бегаја!
Никој не ји сака,
Тија заб’равени!

Ајде, ќe прејдиме
Во селото Орле,
Мамо, мори мамо!
Орлевските моми
Сете говедарки!
Co говеда одат,
Кај добици лежат!
Никој не ји сака,
Тија забравени!
Ајде, ќe слезиме,
Во село Маково,
Мамо, мори мамо!
Маковските моми,
Тија чивлигарки!
Co Турци ќe одат,
Турцки посестримки!
Ајде, ќe дојдиме
Во селото Рапеш,
Мамо, мори мамо!
Рапешките моми,
Тиј царевичарки!
 

Ајде, прошетаме,
Ајде, го видовме
Сето Маријово,
Мамо, мори мамо!
Уште останало
Једно селце мало,
Селце на крајино,
Селце закријено,
Пустото Ивени!
Ивенските моми
Јатка орејова!
Колко ми се арни,
Колко ми се лични,
Колко ми убави!
Тија ми зедова
Мерак од срцето!

Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu