АЈТЕ CO ЗДРАВЈЕ МОМЧИЊА – лирска песна

Booking.com

Ајте со здравје момчиња
година да не седете,
како е шума на есен,
така сне ние без васка.

Шумата оде па иде
нашата младост не иде.
Момчиња одат туѓина
сос невестите заедно.
Ајте со здравје момчиња,
како е небо без ѕвезди,
така сне ние без васка.
Ѕвездите одат па идат
нашата младост не иде.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: печалбарска

Booking.com