Откријте го Мариово

Алав да му е моме
кој те тебе родило,
алав да и е моме

на твојата мајка,
што те тебе родила;
алав да ти е моме
млекото што цицаше,
млекото од мајка ти;
ти си ѕвезда моме,
ѕвезда на небото,
а сонце на земјата.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Марчевска, родена 1912 година во с. Будимирци, омажена во с. Петалино а премажена во с. Груниште; тогаш (1953) таа имаше 41 година.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu