Алија заптијата од Прилеп бил по карактер лош човек, што ќе рече Пејо песосан.
Чинел големи штети и пакости no селата. Насредин Оџа и Итар Пејо решиле да му се осветат, да го насамарат, како тие велеле. Го сретнале близу с. Дуње и му го продале магарето од Пејо велејќи му дека сере златници. Алија ги дал двата коња вранци (црни по боја) за едно старо магаре. Кога видел оти бил насамарен (излаган) ги тужел двата итроманци. Тие на кадијата му одговарале: Што ќе клајш в уста тоа ќе извајш од задникот”. Кадијата не можел да се разбере со нив и ги слободил.
Преземено од:
„ИТАР ПЕЈО – МАКЕДОНСКИ ШЕГОБИЕЦ И НАРОДЕН СМЕШЕН ЛИК“
Автор: Трајко Огненовски, Битола
„Фолклорот и етнологијата во Мариово и Меглен“ – Зборник на трудови издаден 1994г
Booking.com