Откријте го Мариово

Оздола иди, бре, Алил-ага,
Право ми трга, ај, за чивлига, аман, аман!
Кога го видеја чивлигари,
Ај, сите на нога му стапија, аман, аман!
Само Џанфезиро не му стана!

„Чекај да видиш, ај, Џанфезиро, аман, аман!
„Кога ќe дојди лето, пролето,
„Кога ќe нарастат шумарите, аман, аман!
„Јаз ќe се сторам, ај, арамија,
„Арамија, аман, лута змија, аман, аман!
Јаз ќe попленам твојите браќа,
„Твојите браќа, двај’ца близнаци, аман, аман !
„Чекај да видиш, ај, Џанфезиро!
„Ти ќe ми дојдеш, ај, на молење, аман, аман!
Јаз ќe се правам, ај, на големо,
„Дур да ми седниш, ај, на колено, аман, аман!”
 
Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu