АЛИ HE ТИ Ε ЖАЛ – епска песна

Booking.com

Али не ти е жал
за твојата мајка,
 Јоване бре,
војводо бре?

Мојата мајка
шуплива бука,
другари бре!
Али не ти е жал
за твојата жена,
Јоване бре,
војводо бре?
Мојата жена
куса малиќера,
другари бре!
Али не ти е жал
за твоите деца,
Јоване бре,
војводо бре?
Моите деца
ситни куршуми,
другари бре;
каде да ги пратам
работа вршат,
другари бре!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Марчевска, родена 1912 година во с. Будимирци, омажена во с. Петалино а премажена во с. Груниште; тогаш (1953) таа имаше 41 година.
Вид на песна: комитска

Booking.com