Учесници: Група на деца или младинци во непотојан и неограничен број.
Материјал: Шајка и метална паричка.
Опис на играта: На растојание од 3-5м од определено место се набива шајка в земи, а одозгора се става метална паричка. Од означеното место еден по еден учесниците ја гаѓаат паричката со костења. Оној учесник кој прв ќе ја турне паричката стекнува право да биде анџија.
Потоа фрлаат (гаѓаат) со костење другите учесници, а анцијата ги собира за себе сите костења кои нема да ја погодат паричката. Но кога некој учесник ќе ја погоди, тогаш тој стамува анџија.
Анџијата собирајќи ги костењата ги повикува учесниците побрзо да фрлаат со костењето, како би промашиле, а тој би бил во корист.
Во оваа игра се стнмулира прецизноста на визуелното перципирање и координацијата око-рака, a се задоволува и мотивот за добивка.
Преземено од:
„ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ИГРИ НА ДЕЦАТА ВО МАРИОВО“
Автори: Стојан Ѓуровски, Прилеп
Стојан Дарковски, Скопје
Ристо Сукаровски, Битола
„Фолклорот и етнологијата во Мариово и Меглен“ – Зборник на трудови издаден 1994г
Booking.com