Откријте го Мариово

Оздола идат, Митро,
Оздола идат,
Оздола идат, дилбер,
До трој’ца аги!

 

Право тргаја, Митро,
Право тргаја,
Право тргаја, дилбер,
За дербен-Дуње!

Село дојдоа, Митро,
Село дојдоа,
Село дојдоа, дилбер,
Пушки врлија!

Пушки врлија, Митро,
Знак ми дадоа!
Што ми дочуло, дилбер,
Тој Асан Гето!

Пушка ми чуло, Митро,
Ајде, скочило,
Ајде, скочило, дилбер,
Пушка приготвило! —    

Седи со здравје, Митро,
Седи со здравје! Алав да ти је, дилбер,
Тој чешело мој!

 
Што сум го купил, Митро,
Што сум го купил,
Јаз сум го купил, дилбер,
Половин’ лира!

Ем да се чешлаш, Митро,
Ем да се чешлаш,
Ем да се убаво, дилбер,
Убаво углед’ваш! —

Алав да ти је, Асан,
Алав да ти је,
Алав ди ти је, дилбер,
Кошула моја!

Што сум ја ткала, Асан,
Што сум ја ткала,
Јаз сум ја ткала, дилбер,
До пол’ година!

Што сум ја шила, Асан,
Што сум ја шила,
Јаз сум ја шила, дилбер,
До три недели! —

Од туа тргам, Митро,
Од туа тргам,
Ајде ќе одам, дилбер,
Селото Врпско!

Во село Врпско, Митро,
Во село Врпско,
Тамо си имам, дилбер,
Две посестримки!

Селото Врпско, Митро,
Селото Врпско,
Селото Врпско, дилбер,   
Грозје родило!

Грозје родило, Митро,
Грозје родило,
Грозје родило, дилбер,
Горе на врби!

Тија ми зеја, Митро,
Тија зедова,
Тија ми зеја, дилбер,
Пет стотин’ лири!

Од туа тргам, Митро,
Од туа тргам,
Ајде ќе одам, дилбер,
Во Витолишта!

Во тоа село, Митро,
Во Витолишта,
Тамо си имам, дилбер,
Две посестримки!

Тија се лични, Митро, Тија убави,
Тија се лични, дилбер,
Калеш’ јагниња!

Тија ми зеја, Митро,
Тија задова,
Тија ми зеја, дилбер,
Двата чивлига!

Од туа тргам, Митро,
Од туа тргам,
Ајде ќe одам, дилбер,
Село Маково!

Во тоа село, Митро,
Село Маково,
Тамо си имам, дилбер,
Две посестримки!

Тија ми зеја, Митро,
Тија зедова,
Тија ми зеја, дилбер,
Хиљада лири!

Јаз си пропусти, Митро,
Јаз си расипа,
Јаз си пропусти, дилбер,     
Моји чивлизи!

 
Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu