Откријте го Мариово

Во тоа старо време, кога повелеле Маријово земски кметови, беа и попови многу силни. Ами једен што се засилел, не можеше повеќе да биди!

Тој бил поп-Апсика од Дуње, од сто години понапред живејал; името му по прекар, оти многу пакос прајил на народа. Славјанин бил, славјанско писмо знајел; неје бил од тија Грци. Кога иделе луѓето да го канат за на радос, на свадба али на кршќење да иди, да му сврши работа, а он ји велел: „Стори метанија, бакни ми нога и пола и рака, да ти свршам работа!”
И тој, ем ќe му дава после пари, пo дванајесе гроша за венчање, пo пет гроша за кршќење, ем му се поклонувал дур до земја по три пати! Тогај попо кревал на горе десна нога, и тој ќe му бакни стапало. Кога ќe сврши тоа, уште ќe му бакни пола од гуна, ќe му бакни десна рака, и ќe му даји погача леб и пабурче со ракија. Тогај попо ќe му кажи: „Е, сега ќe ти свршам работа; оди си дома!”

 

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu