Бела Река се состои од два крака (Река Трновчица или Бела Река) кои се спојуваат под с. Будимирци, од каде тече кон југозапад.
Извира во месноста Бело Гротло на Ниџе на надморска височина од 1.610 м, а во Црна се влива кај кота од 500 м, со што должината на водотекот изнесува 16 км. Зафаќа слив со површина од 119 км2 и релативен пад од 69,4‰. Има долина типично клисуреста на места и со кањонски изглед.