Откријте го Мариово

Бисера оди на вода
со два бардаци сребрени,
таму го најде Алија,
Алија личен делија,

на коњ му вода даваше.
Алија вели говори:
-Бисеро, моме убаво,
сврти се ваму кај мене
да ти го видам лицето,
дали си лика за мене!
-Алија, личен делија,
не зборвај такви зборови
да не те чуе братот ми,
војвода ми е братот ми
со дватринајсет четници.
Ќе ми зашуми шумата
ќе ми забушат буките
он ќе те тебе загуби!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Неда Здравевска, родена 1910 година во с. Будимирци, а омажена во с. Груниште; во 1953 година имаше 43 години.
Вид на песна: комитска

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu