Бисеро, ќерко, Бисеро,
лели ти веле, мори, говорев,
Турчин побратим, Бисо, не ваќај,
Турчин закон, мори, не крепи.
Мајко ле, мила мајчице,
ако ми је пусто, мори, пишано,
турска невеста, мори, да стана,
со тринаесет рала, мори, тапани,
со петнаесет зурли, мори, сребрени.
32. По се изгледа дека песната не е запишана до крај. Зборовите тринаесет и петнаесет се напишани со арапски бројки. Стале Попов употребува је е каде
Извор: Книга – Народни Умотворби
Автор: Стале Попов
Booking.com