БИШКА – Игра за деца од Мариово

Booking.com

Учесници: Група на деца или младинци.

Материјал: Една конзерва и по еден стап за секој учесник.

Опис на играта: На определепо место се копа дупка во димензии 30 х 30 х 20 см, а околу неа во круг се копаат помали дупки (10 х 10 х 5 см) за секој учесник.

Поголемата дуика е главната цел, а помалите се за забодување на стаповите од играчите.

По договор еден учесник кој се наоѓа надвор од кругот на играчите се обидува со својот стап да ја дотера конзервата во големата дупка што се наоѓа опкружена од останатите играчи. Тие, притоа, му попречуваат. Но во оној момент, ако учесникот што ја терал конзервата успее да го стави врвот на својот стап во нечија испразнета дупка, тогаш, конзервата продолжува да ја тера во главната дупка оној учесник на кому му била зафатепа дупката со стапот од играчот што дотогаш ја терал конзервата.

Оваа игра има натпреварувачки карактер и влијае врз развојот на прецизноста во перципирањето и брзото моторно реагирање како и издржливоста како позитивна особина на личноста.

Заедничко за сите прикажани игри е тоа што тие се групни игри низ кои се развиваат социјалните односи и имаат натпреварувачки карактер. Co нив се задоволува мотивот за друштво, но и мотивот за афирмација. Освен тоа се стимулира и концентрацијата на вниманисто и прецизното перципирање како и брзото сензо-моторно реагирање.

 

Преземено од:

„ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ ИГРИ НА ДЕЦАТА ВО МАРИОВО“

Автори: Стојан Ѓуровски, Прилеп

Стојан Дарковски, Скопје

Ристо Сукаровски, Битола

„Фолклорот и етнологијата во Мариово и Меглен“ – Зборник на трудови издаден 1994г

Booking.com