Откријте го Мариово

Ај, здрави, живи, весели,
Co гаќите растресени!
Претседници по столици,
А попишта по патишта!
Сите деца на каци,

А пољаци на цуцуљци!
Ко’ се жније, нам се спије!
А кога се лозје копа,
Није сете, ајде, опа!
Кога чеп се, море, чука,   
Није сете, ајде, тука!
Mope ‘воа ракијиче,
Ајде од Јаниќијиче,
Ај, во ламба затворено,
Ај, со огањ изварено,
Ајде со пот излезено,
И мене да ме испотиш,
Да знајем кај да си одим:
Ајде под пат, ајде над пат,
Ај, со Светана за појас,
Ај, со пушката на рамо,
Ај, со пиштолот во раце!
Ај, за здравје млади деца,
Млади деца, весељаци!
Ајде, море, да пијеме,
Ајде да се веселиме,
Да прајиме дембелана!
Што ми је арно, убаво,
Ајде ‘вака, бре, да пијам,
Mope да се веселам!
О-хохо-хо! о-хохо-хо!  
Да го бутнам, да го гутнам
Во гушата, за душата!

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu