Нешчо писка во темна зандана:
да е змија камен ќе се свила,
самовила в гора ќе се свила;
Туку било Рајковиќу Бошко.
Ми лежало темните зандани,
ми лежало до девет години,
кај шчо има вода до рамена,
во водата трева до колена,
Во тревата змии ем смокови
на животи очи ќе му пијат.
Изим нема Бошко да се пушти.
Го извика најстари судија:
Ако таксаш младата невеста,
Изим имаш, изим да се пуштиш.
Ак не таксаш младата невеста
Тука лежи, тука коски врли!
Бог да бие Рајковиќу Бошко,
што си зело една бела книга,
си испрати на млада невеста.
Во писмото вели ем говори:
Да с’ промениш руво невестинско,
да с’ промениш руво велигденско
и да дојдиш на темна зандана,
ќе те давам на стари судија
изим имам, изим да се пушта…”
Бог да бие младата невеста
не с’ промени в руво невестинско,
н с’ промени в руво вслигденско
се промени в руво војводинско,
та си зела една брза коња,
та си зела ж’та боздугана,
та си зела сабја окована,
та си пошла кај Димче берберче:
Ој ти Димче, Димче ле берберче
ај потсечи мојта руса коса.
Ај од тука непознат делио,
немам изим жена јас да стрижа.
Ако таксаш твојто бело лице,
ќе потсеча твојте руси коси.
Се налути младата невеста,
Шо извади ж’та боздугана
шо го удри само дватри пата
Лесно маај, непознат делио
ќе потсеча твојти руси коси.
Си отиде кај Type албатче:
Ај потковај коња вересија!
Ако таксаш твојто бело лице,
ќе потковам коња вересија!
Се налути младата невеста,
шо извади ж’та боздугана,
шо го удри само дватри пата
Лесно маај непознат делио
ќе потковам коња вересија!
И поткова коња вересија.
Си отишла на темна зандана,
искршила тија тешки порти,
испуштила сете затворници.
Извор: Книга – Народни Умотворби
Автор: Стале Попов
Booking.com