Откријте го Мариово

Једен човек имаше богат; секоје нешто во куќа имаше. Дојде време, умре. О’шол кај Бога; гледа, ами нема ништо, ниту за јадење, ниту за пијење.

И он се замолаваше на Бога: „Пушти ме, Господе, да си земем нешто зајре”. И Бого го пуштил дома имовитија човек, да си земи што сака. Тој будала спремал кола леб, наполнал џеп пари, и ќe носи кај Бога! Бого сакал да му поможи и му пратил просјаци околу нега. Једен вика: „Дај ми малку леб, Господ ќe дади да ти се најди Друг вика: „Дај ми једна паричка, себап ќe ти биди — „Манете се, бре луѓе,” вика тој умренијо што го пуштил Господ себап да прави, „овоа ќe го носам кај Бога, за мене ќe биди!” Паднал му једен леб во кал; зеде, му го даде на просјак тој леб. И како спремаше оној човек, тако си умре, и па без леб и без пари отиде кај Бога! Кога виде — тамо угу једен калнавијо леб! И он се чудил, чудил: „Како дојда овој леб сами, а онија чистија лебови не ми дојдоа, ниту пари ми дојдоа?!” А Господ му рекол: „Е, јаз ти прати на умрен час сиротиии доста, себап да правиш; да му дадеше ним леб, пари, облекло, тоа ќe ти след’ваше овдеја !”

 

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu