Како му ја зел Бог на побратима си Краље Марко Божјата сила? – предание

Booking.com

Во тија стари времиња, кога шетале Бог и Краље Марко побратими, Марко имаше голема сила: можеше да ја преврти Земјата наопако!

Ја собра Бог тежината на Земјата во једна вреќа и седна на једен пат кај што одеше Марко. И Марко заминал. „Море, синко, јела, поткрени ми вреќа ‘ваа”, му вика Бог. Посегнал Марко со сабјата со вро од коњ и му ја кренал на рамо на старијо. И го праша старијо: „Кај ќe одиш, бре синко?” Марко му рече: „Ќе го барам крајо на Земја, ќe ја свртам наопако!”
Се исплашил Бог, оти Марко имаше повеќе сила од него, премислил и — му ја зеде Божјата сила. И излегол па пред него. Ја собрал тежината Земји сега во једен зобник. „Јела, бре синко”, му вика старијо, „да ми го поткрениш зобничето на грбо”. Отиде Марко кај дедо. Посегнал со вро од сабјата — не можи! My ваќа зобнико со једна рака, му го крева — не можи! Ваќај и со другата — па не можи! И Марко сетил се, како станала таја работа: „Аман, дедо!” — „А, побратиме”, рече Бог, „ме надмина ти! Што имаш век, да го проживејеш со лаги, со маѓији; со голема јунаџбина, со Божја сила, како до сега, не!”

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Booking.com