Бог да бие, Тоно,
бог да бие севдо,
бог да бие, Тоно мори,
твојта мајка;
што те скорна Тоно,
што те скорна севдо,
што те скорна, Тоно мори,
мошне рано;
та те пушти Тоно,
та те пушти севдо,
та те пушти, Тоно мори,
на реката.
На реката Тоно,
на реката севдо,
на реката, Тоно мори,
на лаката.
Да залееш Тоно,
да залееш севдо,
да залееш, Тоно мори,
ладна вода.
Таму најде Тоно,
таму најде севдо,
таму најде, Тоно мори,
беќарите.
Еден вика Тоно,
еден вика севдо,
еден вика: Шири, шири
шарен прегач,
да ти врља Тоно,
да ти врља севдо,
да ти врља, Тоно мори,
грутка шеќер!
Други вика Тоно,
други вика севдо,
други вика: Шири, шири
шарен прегач;
да ти врља Тоно,
да ти врља севдо,
да ти врља, Тоно мори,
калап сапун;
да измиеш Тоно,
да измиеш севдо,
да измиеш, Тоно мори,
бело лице!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: љубовна