БОГ ДА ЈΑ БИЕ ТАЈА РУСА ДОНКА – лирска песна

Booking.com

Бог да ја бие таја руса Донка,
таа руса Донка Нечовата ќерка,
Нечовата ќерка таја помалата.
Донкината снага – танка ем висока,

Донкината коса – солунска коприна,
солунска коприна – ковиљ во планина;
Донкините веѓи – морски пијавици,
Донкините јочи – пашински винџали,
Донкиното носе – кондиљ за пишење,
Донкиното лице – солунско симиче,
Донкиното усте – срмено коланче,
Донкините заби – бисер за нижење!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Таневска, родена 1907 година во с. Брник, а омажена во с. Долно Ореово Битолско; кога ги запишував песните (1959) Менка имаше 52 години.
Вид на песна: љубовна

Booking.com