Откријте го Мариово

Се прошета Богдан пијаница,
Се прошета кроз Битола града, Го догледа жолта Јеврејина:
„Дејди, Богдан, Богдан пијаницо,
„Колај бива за винце пијење!
„Да ли можеш јоблог да извршиш:
„Ден да појдиш во Солуна града,
„Ден да појдиш, надзад да си дојдиш,
„Ќе ти дадам три товара јазно,
„Ќе ти дадам јубава девојка,
„Од иљада избор изберена;
„Ако јоблог, море, не извршиш,
„Ќе ти земам куќи сарајливи,
„Ќе ти земам младата невеста,
„Хај, невеста со сем машко дете!”
Се навати Богдан пијаница,
Ден да појде во Солуна града,
Ден да појди, јопет да си дојди;
Ми јотиде турско јуќумато,
Да направи главните сенети,
Оти јоблог, јоблог ќe изврши.
Он си појде, Богдан пијаница,
Ји кажува младата невеста:
„Јаз ќe легнам, малко ќe поспијам;
„Тежок јоблог сум се јобложило:
„Ден да појдам во Солуна града,
„Ден да појдам, јопет да си дојдам!”
Кога легни Богдан пијаница,
Он ми стани солнце ко’ изгрева!
Ми го скорна негова невеста:
„Стани, Богдан, Богдан пијаницо,
„Хај, говеда веќе ји потераја
Ами Богдан уште не станува!
Тоги слезе млада Богданица,
Тоги слезе темна коњушница,
Ја назоба негов’ добра коња,
Ја назоба дробна леблебија,
Го напоји винце трогодишно,
А рашетва ука ми го учи:
 
„Дејди, коњче, коњче Алдоринче,
„Ќе ми појдиш во Солуна града,
„Ден да појдиш, па надзад да дојдиш!”
Ми се качи куќи сарајливи,
Ми го скорна Богдан пијаница:
„Ајде, стани, Богдан пијаницо!
„Ајде, стани, да би не станало,
„Ајде, стани, солнце изгрејало!’
Што ми стана Богдан пијаница,
Што си зеде коњче Алдоринче,
Си јотиде турско јуќумато,
Сенет дава, сенет надзад зима.
Он ми тргна, Богдан, да ми јоди,
Он ми појде село Горничево;
Тамо најде једна чесна свадба, —
Се курдиса да пије, да јади!
В’исна, писна Богданова коња:
„Стани, Богдан, да би не станало,
„Ќе удијиш на жолти Јевреји,
„Ќе удијиш куќи сарајливи,
„Ќе удијиш младата невеста,
„Хај, невеста со сем машко дете!”
Што ми стана Богдан пијаиица,
Што ми вјана коњче Алдоринче,
Лева нога на десна зенгија,
Десна нога дури Петалино;
Тамо најде чесни провичари, —
Се курдиса да пије, да јади!
В’исна, писна Богданова коња:
„Стани, Богдан, да би не станало,
„Ќе удијиш на жолти Јевреји,
„Ќе удијиш куќи сарајливи,
„Ќе удијиш младата невеста,
„Хај, невеста со сем машко дете!”
Што ми стана Богдан пијаница,
Што ми вјана коњче Алдоринче,
Си јотиде во Солуна града,
Си јоткупи младото телалче;
Личба личи младото телалче:
„Збирајте се, жолтите Јевреји,
„Јоблог има Богдан пијаница,
„Збирајте му иљада девојки,
„Збирајте му три товара јазно,
„Он ми јоблог, јоблог ќе изврши!”
Што ми стана Богдан пијаница,
Што ми вјана коња Алдорија,
Што си дојда кај права пладнина,
Што си дојда во Битоља града;
Он ми доби тешконо имање:
Он ми доби три товара јазно,
Он ми доби јубава девојка,
Од иљада избор изберена!

Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ

 

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu