БОЈ МИ СЕ СТОРИ – епска песна

Booking.com

Бој ми се стори
Горно Мориово,
ми се удриле
Синан и Џафир,

ми го отепале
тој Пиле Иса.
Та што ми дочу
Исова нана,
та што ми дочу
 дури во Корча;
дојде на Дуње,
на дервен Дуње,
дуњска меана.
Тамо го најде
братко Салија:
-Арно те најду
братко Салија,
бој се сторило
Горно Мориово,
дали е лага,
дали е најсна?
-Кој ми ти кажа
Исова нано,
кој ми ти кажа
не те излага.
Ми се удрија
Синан и Џафир,
го отепаја
тој Пиле Иса.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Доќа Марчевска, родена 1908 година во с. Груниште, омажена во селото;а 1954 имаше 46 години.
Вид на песна: арамиска

Booking.com