Откријте го Мариово

Болно леже лудо ќе да умре,
никој нема од родум да дојде,
само дојде од село девојче,
ми донесе бре слатки понуди,

шеќер сливи бре благи јаболка,
сомун лебец од бела пченица,
бела меда од девет пресади,
рујно вино, вино тригодишно.
– Касни, касни, змија да те касне,
јас су дошло од село девојче.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Таневска, родена 1907 година во с. Брник, а омажена во с. Долно Ореово Битолско; кога ги запишував песните (1959) Менка имаше 52 години.
Вид на песна: љубовна

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu