Боровинката е разгранета грмушка, и висока до 30 см.
Лисјата се јајчести на врвот, малку остри, цветовите се розово бели, плодовите се тркалезна бобинка со темна боја и со венче на врвот. Боровинката расте на планински места од 1500 метри надморска висина на горе.
За лек се користат и исушена лисја и плодови, суви или пресни.
УПОТРЕБА:
Сок од плодот или чај се користи против цревни заболувања, дијареја, запек и хемороиди, воспаление на слузокожата на устата и грлото.
За подобрување на видот, против висок шеќер во крвта, за болни од венопатии и капиларопатии на рацете или нозете, ја зголемува отпорноста на крвните садови и спречува пукање на истите. сувите лисја содржат мирталин кој се смета за природен инсулин.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com