БОСИЛЕК – OCIMUM BASILICUM (СВЕТИВОДА)

Booking.com

Босилекот е едногодишно зељесто растение, со исправено разгрането стебло во висина до 80 см.

Лисјата се јајчести наспротни со долги дршки. Цветовите се ситно бели или розевкасти собрани во соцветија во вид на клас на врвот на стеблото. Босилекот има пријатен и специфичен мирис.
Билката се култивира. Се собира во време на цветење, надземниот дел. Уште од стари времиња, босилекот е ценето лековито растение и има широка примена во народната медицина, како и за верски обреди.

 

УПОТРЕБА:
Чај од Босилек се употребува кај нервни болести, слично како и Пчелинокот.

bosilek

Босилекот е во состојба кај нервни болести, да предизвика опуштање, ги смирува грчевите од срцето, ги истерува лошите мисли, делува како лек против снужденост, меланхолија и слично.
Чај од босилек се дава и против спазми на бронхите, желудникот, цревата и жолчката. Босилекот има антимикробно дејство, дејствува против микро- организми: коли, салмонела, стафилококи и други.
Се препорачува кај инфицирани рани, слузницата на устата и грлото, кај дијареи, колити, при хронични воспаленија на уринарните органи и дишните органи, кашлица, бронхит, синуси, болести во цревата и стомакот.
Исто така, босилекот е добар зачин, и се додава во разна храна а се користи и како конзерванс.

 

Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски

Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com

lekoviti-rastenija-kniga

Booking.com