Бозот расте како грмушка, до околу 5 метри висина. Лисјата се перјесто разделени, а цветовите се бели во соцветија и има пријатен мирис.
За лек можат да се употребуваат цветовите, а поретко плодовите и коренот.
УПОТРЕБА:
Бозот може да се користи за лекување на болести на дишните патишта, болести во уста, грип, настинка, висока температура. Може да се употребува како средство за потење и диуретик при заболување на бубрезите и мочниот меур, при опстипација (запек). Исто така, бозот може да се употребува при отоци на телото (како облоги).
Бозот е корисен, и како средство за зголемување на млекото кај доилките.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com