Брешко македонски цар светија дуф! – предание

Booking.com

Имаше једин македонски цар. Тој живејал деведесе години, а деца немал. To’ се Бога помолил он: „Дај ми, Боже, једно дете, макар да је светија дуф!”

И он како се Бога помолил, Бого тако му дал. Тоа дете се викаше Брешко. Преди Kpaљe Марко је бил тој. Кога станал Брешко на петнајесе години, изговорил му на татка си: „Море, татко, много малку држиме није земја; ќe се бијеме, ќе земиме повеќе”. Татко му рече: „Нека ти, синко, ако имаш јуначка сила, а народ да не пропастиш.”
Тоа дете, Брешко македонски цар, зеде да се бије; прегази цела Земја. И, кога немаше веќе, влезе вов Темнина Земја. Одиле три години. Напокон наближија до Божја Градина. Брешко влезе тамо, вов Божја Градина, а војската ја запре. Тамо го најде Свети Петре; се најдоа Свети Јовани, побратими, и си отидоа заједно во Божја Градина. Свети Петре му рече: „Побратиме, ќe ти дадам нешто да занесиш во вашата земја од овија слатки плодови; го знајем јаз, во вашата земја све диви растенија се.” И му даде пресад да ашладиса дивите растенија. Брешко, како видел оти неје таја земја за народ, се вратил, и не дочекал да скрши уште од једно дрво, кој што било најслатко јадење, како го нема вов нашата земја.
Се вратиле од Божја Градина вов Темнина Земја, и цар Брешко му рече на војската: „Од оваја земја кој земи дето газите, пишман ќe биди; а кој ќe не земи, па пишман ќe биди!” Некој зел, некој не зел. Истегнаја од тамо, излегле на Светлина Земја. И видел народо, тије што зеле земја дето газиле, оти таја била златна земја. И сите пишмаи биле! Тој што зел, вика: „Оти троа зедо?” А тој што не зел, вика: „Оти ич не зедо?” И тије што не зеле сакале му на тије што зеле. Тије не давале. Се збиле самите: једен по једен, једен по једен, се избиле до једен! Тога оној цар Брешко видел оти пропастил цел народ.
Кога му загинало царството, Брешко се примнал кам Бога, оти имаше Божја сила! Тој Брешко македонски цар беше светија дуф веќе на овој свет, цела Земја прегази! И он си беше како Краље Марко, со Божја сила, божествени човек!

 

Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Booking.com