Откријте го Мариово
БРЕСТ – ULMUS CAMPESTRIS

Брестот е листопадно дрво, со развиена крошна, високо и до 20 метри.

Листовите се со кратки дршки, елиптично-јајчести на врвот зашилени, со изразена лисна нерватура, на лице зелени, а од другата страна се со мали влакненца.
Брестот цвета пред листовите да се појават, цветот е неугледен, плодовите округло- елиптични крилести орашки со семка на средината.
Расте на суви и влажни места, на каменести места, на свежи и плодни земјишта.

 

УПОТРЕБА:
За лек се користи кората и листот. воглавно за надворешна употреба, во облик на каша, против опекотини, замрзнатини, чиреви, кожни болести, рани, посекотини, абразија.

brest
Чај се употребува за стомачни проблеми, колитис, пролив. Грчеви во стомакот, кашлица, болки во грло, гинеколошки проблеми и слично.

 

Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски

Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com

lekoviti-rastenija-kniga

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu