Легенда за настанокот на селата Брник, Маково и Рапеш – предание од Мариово

Booking.com

Трите села ги основале тројца браќа. Селото Брник го основал еден од браќата кој бил козар.

Дошол тука козарот и по него доаѓале други семејства, ја сечеле густата шума и така отворале простор за земјоделска дејност. Козарот имал стадо кози кои имале брнки на гушата. Биле брнуши. По тоа селото го нарекле Брник. Другиот брат имал говеда. Тој слегол на местото каде што е сега селото Маково.

 

Видел многу мака со говедата во овој див простор. Тешко ги одгледувал воловите во просторот со многу густа шума и од мака што гледал населбата ја нарекол Маково. Третиот брат што го основал селото Рапеш бил овчар, имал богато стадо овци. Се претпоставува дека селото го добило името по некојси Pапе, за кого се верува дека бил овчарот што прв тука се доселил.

Booking.com