Бршленот е повеќегодишно зимзелено растение кое се искачува по дрвја, камења во должина до 30 метри.
Лисјата се сјајни, кожести, јајчести. Цветовите се ситни на врвот од гранчи- њата, во соцветија, а плодот, тркалезни сочни бобинки со црна боја.
Бршленот е отровно растение и треба да се внимава со неговата употреба.
УПОТРЕБА:
За лек се користат листовите, исушени, а ретко свежи. Бршленот се употребува надворешно против неврит, ревматизам, гихт, ишијас, артрит, се става на болните места, како облоги. во козметиката, бршленот се употребува како средство против целулит и опаѓање на коса.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com