Галиште (Galiste) село во Тиквешко Мариово

Галиште е веќе раселена населба, се наоѓа на крајот од југозападниот дел на територијата на Општината Кавадарци, чиј атар, во Мариовската област, се допира со територијата на Општината Витолиште.

(more…)

Мајден (Majden) село во Мариово

Мајден се наоѓа во областа Витачево, јужно од Кавадарци, а на територијата на Општината Конопиште. Селото е планинско, на надморска височина од 780 метри. За него не постојат аграрни податоци, бидејќи не се води во катастарската евиденција.

(more…)

Рожден (Rozden) село во Тиквешко Мариово

Рожден се наоѓа на крајниот југозападен дел на територијата на Општината Конопиште, под источната падина на планината Козјак. Селото е планинско, на надморска височина од 920 метри. Атарот е мошне голем и зафаќа простор од 81,9 км2.

(more…)

Дуње (Dunje) – Прилепско Мариово

Дуње се наоѓа на северозападната страна на прилепскиот дел на областа Мариово, во рамките на Општина Витолиште. Селото е ридско, на надморска височина од 690 метри.

(more…)

Бешиште (Besiste) – Прилепско Мариово

Бешиште се наоѓа во јужниот дел на територијата на Општината Витолиште, во ридско -планинскиот дел на прилепско Мариово, од десната страна на Црна Река. Селото е планинско, на надморска височина од 900 метри.

(more…)

Витолиште (Vitoliste) село во Прилепско Мариово

Витолиште се наоѓа во југоисточниот дел на истоимената општина, односно во прилепскиот дел на областа Мариово, чиј атар се издига на планината Козјак, каде што се допира со територијата на Општината Конопиште.

(more…)