Црквата св. Спас во близина на манастирскиот комплекс Чебрен е мала еднокорабна црква ( 6,30 х 4,30 м.) со полукружна апсида на исток и влез во наосот на запад .
Градена е од обичен речен камен со врзиво од варов малтер. Внатрешноста е поделена со дрвена олтарна преграда на два дела .
Сите четири ѕидови од наосот и олтарниот простор се живописани во фреско техника.
Според досегашните сознанија и стручната литература фреските се датирани во 16 век.
Нивната сочувана површина изнесува околу 60м2.
Панорама – од лево на десно – Црна Река, Св. Димитриј, Св. Спас. Кликнете за зголемена фотографија
Booking.com