Св. Спас – с. Градешница (Church Holy Salvation in Gradesnica)

Booking.com

На местото на денешните цркви Св. Андонија, Св. Ѓорѓи и Св. Спас, постоел комплекс на римски вили во периодот од средината на II до крајот на III век.

IMG 3549

IMG 3586

sv spas gradesnica 02

Кратер во кој се произведувало вино

 

Делот кој се наоѓал на местото во близина на денешната црква Св. Андонија имал резиденцијален карактер и бил наменет за уживање, делот на местото на црквата Св. Спас (над Темничкиот Вир) имал производен карактер и во вдлабените делови од карпите кои јасно се гледаат и денес се произведувало вино. На местото на црквата Св. Ѓорѓи постоеле резиденцијални и производни простории.
Покасно во IV век, вилата која се наоѓала на местото на црквата Св. Андонија, била трансформирана во ранохристијанска црква, остатоци од која можат да се забележат и денес. Постоечката црква Св. Андонија е изградена во осумдесеттите години на минатиот век.

Booking.com