ЧИЧОК – ARTIUM LAPPA (ЧИЧКА, ЛЕПИЛКА)

Booking.com

Чичок е двегодишно или повеќегодишно растение со разгрането стебло високо до 1.5 метар, има големи лисја, тркалезно јајчести.

Цветовите имаат црвенкаво-виолетова боја, големи се и топчести и се на врвот на билка. По созревањето, билката лесно се лепи по алиштата на човекот или на животните.
Чичокот расте покрај патишта, шуми, населби и на други места.

 

УПОТРЕБА:
За лек се користи исушен корен , лист или семе.

cicok

коренот во вид на чај се употребува како средство за потење поради што се дава при висока температура, при грип и настинка. исто така се употребува и како чај против камен и песок, инфекции во бубрезите и мочните патишта, за болки во желудникот и цревата, жолчка и црн дроб, ревматски болки, ишијас, гихт и артритис, габични и бактериски инфекции.
Билката содржи ситостерион кој е добар при хипертрофија на простата. Надворешно се употребува при кожни болести, рани, егземи, псоријаза и против опаѓање на косата.

 

Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски

Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com

lekoviti-rastenija-kniga

Booking.com