Цикоријата е повеќегодишно растение со жилаво, голо и разгрането стебло, високо и над 1 метар и е прекриено со влакненца.
Лисјата се неправилно исечени, долгунести и со кратки дршки и влакненца. Цветовите се големи и со сина боја, а ретко бели и жолти. Цикоријата расте како плевел на суви места, покрај патишта, ниви, ливади.
УПОТРЕБА:
За лек може да се употребува целата билка. коренот и надземниот дел од билката се употребуваат за подобрување на апетитот.
За лесно варење на храната, гастритис, за стимулирање на жолчката да лачи сокови и подобрување на функцијата на црниот дроб, цироза и хепатит, камен во жолчка, ревматизам, гихт, забрзана работа на срце поради предозирање со кофеин.
Чај од цикорија се употребува и за заболени бубрези, мочни патишта, стомачни и цревни заболувања, прочистување на крвта, за смирување и за добар сон.
Сомелен корен може да се користи како замена за кафе кое се препорачува на дијабетичарите.
Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски
Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com