НА ЧОВЕК КОЈ СЕ ГОРДЕЕ CO СВОИТЕ СИНОВИ И ЌЕРКИ – лирска песна, Водичка

Booking.com

Повалил ce велик Пео:

Ја сум велик и повелик

И от цара и от везира –

Имам двори самотвори,

Co подпори позлатени,

Среде двори – бела кула,

На кулата јаребица.

Али рекол, ал не рекол,

Речта пошла дур на царот.

Царот пуштил два абера

Два абера, два Татара

Што дојдоа на Пеови,

На Пеови тежки порти.

Дваж викнуат, триж клукнуат.

Се појави Пеовица:

Ела, ела, та кој вика?

He е тука велик Пео.

Мори, мори, Пеовице

Та каде е велик Пео?

Си отиде всред селото.

Мори, мори, Пеовице

Што се Пео валба валил:

Имам двори самотвори,

Co подпори позлатени,

Среде двори – бела кула,

На кулата јаребица?

Mope, море, два абера

Два абера, два Татара,

Што се Пео валба валил:

Порта ми е велик Пео,

Подпорите – синовите,

Бела кула – млада снаа,

Јаребица – мила керка,

Това ми се валба валил.

 

Преземено од книгата „Записи за Мариово“ од Крсто Бинев Андонов

Booking.com