Обично малите деца во првите свои месеци честопати страдаат од една болест која ги тера на постојан плач и којашто жените ја наречуваат клинови.
За да ги излечат од неа тие прибегнуваат до следното баење или како што го нарекуваат потнење:
Отсечуваат малку од косите и ноктите на детето и ги замесуваат со малку восок, потоа одделуваат од украден дренов жегол едно делче што го изоструваат во вид на малечко колче и најпосле наоѓаат друго едно, слично на горното, отцепено од бор. Штом се приготват горните нешта, мажот и жената го земаат детето и уште по темница – пред осамнување – молчешкум и од никого незабележани, одат при некое дрво, што обично му припаѓа на туѓ синор и за кое се убедени дека нема да биде пресечено во текот на целиот живот на детето. Тогаш мајката го положува детето наземи и го исправува во посока на пенушката на дрвото, а мажот ја одбележува врз последното границата на неговата височина, каде што со сврдле пробива едно малечко дупче во кое, по оддалечувањето на мајката со детето, ги става сите горенаведени предмети што ја сочинуваат самата потка. 40) На крајот тој се измочува три пати врз местото каде што е прикована потката и истовремено три пати ја изговара циничната фраза: „Од тоа си направен, од тоа да ти мине” и си заминува, Дупчето, каде што стои потката, однадвор е запушено со восок.
Ако по некоја случајност дрвото, во кое се наоѓа потката, биде пресечно од некого, во која возраст на болниот да се случи тоа, неговите болки се обновуваат. Ете зошто при изборот на место за потката треба да се обрне многу големо внимание. Најважно е таму да не посегнува човечка рака.
Ако по горното баење детето не се успокои и продолжи да плаче, за бабите нема никакво сомнение дека причината за неговиот плач треба да се побара во друга болест којашто обично ја нарекуваат дна. Против неа пак тие употребуваат друг вид на баење, имено следното:
40) потка – меѓа, колец во ливада како знак на граница.
И порачуваат на мајката да собере малку вода во еден сад од издлабено дрво (тоа да го повтори три пати) и потоа, спроти еден од трите денови – понеделник, среда и петок – да и го однесе на бајчачката која ќе го изврши самиот акт на задновање вода, како што го нарекуваат жените. Тоа баење се состои во следното: бајачката ја зема донесената вода и уште истата ноќ го става садот да врие на оган, изговарајќи притоа таинствени зборови и клетви. По извесно време таа ја исипува водата во една широка каленица во која става едно грне, свртено со устинката надолу. Тогаш се збиднува следната појава: по малку време сета вода се собира внатре во грнето (а ако не се случи нешто слично, доаѓаат до заклучок дека детето не страда од дна, туку од друга болест) по што бајачката ја зема така вшмуканата вода во грнето и оди ноќта, без да биде забележана од некого, да ја излее врз некој становит камен. Секој сфаќа дека во основа оваа магија е една чисто физичка појава, но верувањето на простите во нејзината магиска сила не може да се расколеба со никакви докази. При сето тоа, за големо чудење е што магијата се покажува јалова само во ретки случаи!
Времето на собирањето на потребната вода во горното баење треба да се избира пред полна месечина.
Booking.com