НАРОДНИ ВЕРУВАЊА И ЛЕКУВАЊЕ CO БАЕЊЕ

 


 

При првично опашување на малечко дете се практикува следниов обичај: повикуваат повозрасно дете, заедно со татко му и мајка му, коешто може умно да говори и – придружена од него – мајката со своето мало неповиено детенце одат на буништето. Таму повиканото дете наберува неколку гранчиња и ги врзува со една дебела врвца, што во случајов се користи како појасче, околу половината на детенцето и потоа, штом мајката ќе го натера да направи обид за одење, тие сите се враќаат дома. Тогаш повозрасното дете ги разврзува гранчињата од малечкото и ги фрла во огнот, изговарајќи ја сугерираната фраза од мајката: „како се сили огнот, така да се сили и детето”.

Close Menu