ЦРВЕН КАНТАРИОН – CENTAURIUM ERYTHRAEA (КИЧИЦА)

Booking.com

Црвениот кантарион е едногодишно или двегодишно растение, кое е високо 20-40 см.

Со исправено и слабо разгрането стебло, со ситни розови или бели цветови собрани на врвот на билката. Црвениот кантарион расте на суви и влажни места, во шуми, ливади, пасишта и други места.

 

УПОТРЕБА:
За лек се собира надземниот дел кој има горчлив вкус. како и кај другите горчливи билки има аперативно дејство за лекување на желудникот, цревата и жолчката. Го подобрува апетитот и функцијата на жолчката, црниот дроб, ја подобрува крвната слика и одбранбената моќ на организмот.

crven-kantarion
Билката е добра да се пие за време на грозница и при менструални нелагодности. доколку правилно се употребува подолго време, доаѓа до намалување на несаканата тежина. се употребува како чај, 5 грама билка на 250 мл вода и тинктура со ракија.
Аристотел билката ја нарекол жолчка на земјата или билка која вреди 1000 златници.

 

Преземено од книгата:
“Лековити растенија – Ваш чудесен лек”
Автор:Живко Најдовски

Лековити растенија и билки
Порачки на телефон +389 70-614-014 или +389 47-238-605
Email: najdovskizivko@yahoo.com

lekoviti-rastenija-kniga

Booking.com