Откријте го Мариово

Што ми излезе Чучук-Сулиман,
Што ми излезе, качак да биди,
Ми се потпишал на јуќумато:
„Ако погинам, да не се барам!

 

„Ако погинам, да не се барам,
„Што ќе јубијам, да не се бара!
Што ми је тргнал село на село,
Пари да збира, чифлик да купи!

Чифлик да купи Долно Долнени,
Аго да биди, кула да седи;
Кула да седи, кафе да пије;
Кафе да пије, моми да луби!

Што ми јотиде Чучук-Сулиман,
Што ми јотиде село Леништа,
 Он ји собира, ај, Ленивчани,
Он ји собира, пари му сака!

Кому по десет, кому по двај’се,
Ајде, на попо тријесе лири!
Ми се чудиле, ми се думале,
Ај, Ленивчани, ајде селани!

Што го избраја Црне Црновче,
Црне Црновче од град Прилепа;
Ми се навати Црне Црновче
Качак да оди, да го улови!

Чучук-Сулиман, он ми потегнал,
Ом ми потегнал село Галишта;
Тамо да сака голем’јо бакчиш,
Голем’јо бакчиш: двест’ ока меда!

Што ми јотиде Црне Црновче,
Што ми јотиде, метериз вати,
Што ми јотиде на бачилото,
На бачилото, горе планина!

Чучук-Сулиман ручек нарачал,
Ручек нарачал девет казани,
Девет казани тучна попара,
Ај, девет овци, овци печени!

Чучук-Сулиман и он му вели:
„Ајдете, ајде, млади сејмени,
„Ми го думаја Црне Црновче,
„Он ми излегол, нам да не вати!”

Уште ми тако, тако збор’ваја,
Ете го, ето, Црпе Црновче,
Црне Црновче од град Прилепа,
Да ми го вати Чучук-Сулиман!

Ми го ватија Чучук-Сулимаn:
„Аман те, аман, Црне Црновче,
„Кардаш да си ми, да не ме губиш,
„Јаз ќе ти дадем пари неброј’ни!”

— Јаз не те губам, Чучук-Сулиман:
„Да не занесиш једен по једен,
„Једен по једен на твоје рамо,
„На твоје рамо високо брдо!”

Ми се наватил Чучук-Сулиман,
Да ми ји носи високо брдо;
Секоје влакно капки му капи,
Дур да изнеси једен по једен!

Го занесоа рамна рамнина,
И он му вели Чучук-Сулиман:
„Кардаш да си ми, Црне Црновче,
„Кардаш да си ми, да не ме губиш!

„Да ли ми знајеш, Чучук-Сулиман,
„Ko’ ме причека во Кафадарци,
„Кога ми најде три јоке тутун,
„Три јоке тутун мој’те шалвари?

„И ти ми јудри трист’ јоки ќотек,
„Трист’ јоки ќотек за три јок’ тутун
Прсти му сечи, пред него врла,
Пред него врла и ми го след’ва!

Он ми ја зеде неговата капа,
Он ми ја тури Црнова глава:
„И јаз ќе бидам Чучук-Сулиман,
„И јаз ќе бидам ага как’ тебе!

„Чифлик ќe купам Долно Долнени,
„Аго ќe бидам, кула да седам;
„Кула да седам, кафе да пијам;
„Кафе да пијам, моми да љубам!”

Штo ми дочуло Чучук-Сулиман,
Чучук Сулиман — негов’јо татко:
,,Ох, леле, леле, Чучук-Сулиман,
„Ах, не м’ је жалба, оти погина !

„Мен’ ми је жалба за моја пушка,
„За моја пушка, што сум работил,
„Што сум работил до три години,
„До три години угу за неја!”

 
Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ
Штампарија Василија Димитријевића Скопје (1932)

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu