Откријте го Мариово

Цут цутила черешвица,
цут цутила дур се свила;
нема чувар да ја чува.

Се собрале селаните,
ми одбрале два падари,
едно моме, едно момче.
Ја чуваа три години,
му се стигло машко дете,
ми сторило шес месеци,
нема нунко да го крсти.
Се собраа селаните,
му кладо лепо име
лепо име Костадине!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Марчевска, родена 1912 година во с. Будимирци, омажена во с. Петалино а премажена во с. Груниште; тогаш (1953) таа имаше 41 година.
Вид на песна: романса

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu