Откријте го Мариово

Дел си делиле малечки моми
на сека мома по едно момче,
а на Гроздана црно арапче.

Си купила Грозда калап сапун,
си стоплила еден казан вода,
зела да го мие, да го трие,
да не ќе се арапче обели;
му го поткина десното уше,
му го истера левото око.
Викна Грозда да реди и плаче:
– Беше црно, бар не беше ливо!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Стаќа Србиновска, родена 1936 година во с. Груниште, во 1953 имаше 17 години.
Вид на песна: хумористична

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu