Откријте го Мариово

Јод како се Босна собградила,
Народ трпи јасак, бре, голем: Ни крштење, ни Божјо венчање:
Дечињата — жолти Јеврејчиња,
Девојчиња со бели плетенки,
А јергени со руси перчини!
Се собрале седумдесемина,
Се набрале, бре, млади јунаци,
Се собрале во Прилепа града:
Избираја срце пеливанско,
Женска лика срце пеливанско!
Го избраја дете Секуленце,
Секуленце, Марковото внуче;
Направија г’ јубава невеста,
Ами Марка крива просјачина!    
Ми вјанава коње пеливани,
Овде-јонде по бели друмови,
Как ќе јасак, јасак, бре, растерат?
Ји дочуло Муса кесаџија,
Оти свадба од Прилеп ќе има;    
Што ми вјана коња пеливана,
Овде-јонде по бели друмови,
Се стретнале на рамно Косово:
Распрснале с’ китени сватови,
Јоставиле младата невеста,
Ај, невеста — Марковото внуче,
Ај, невеста — дете Секуленце,
Женска лика срце пеливанско;
Ми носеше сабја колаклија,
Колаклија в’ свилени џепови,
Многу беше сабја зглобалија!
Ми ја зеде Муса кесаџија,
Ми ја зеде јубава невеста:
„Дејди”, рече, „јубава невесто,
„Ќе те земам, слуга да ми бидиш”
Ми ја зеде и ми потегнале,
Овде-јонде по бели друмови;
Ај, на пато једна бела чешма, —
Ами Марко, крива просјачина,
Ми седило Марко маѓесница,
Ми седило кај белата чешма!
Ами дремка Муса го навали:
„Јаз ќe легнам, јубава невесто,
„Јаз ќe легнам, малце да поспијам,
„Да наглед’ваш моја добра коња.”
Он ми легнал, скоро ми је заспал;
Ми извади Марково мило внуче,
Мило внуче дете Секуленце,
Ја извади сабја зглобалија, —
Једнеш мавна тенка половина!
Изговори Муса да зборува:
„Ој, невесто, мило добро моје,
„Што ме срце, срце наболува?” —
„Дејди, Муса, Муса кесаџија,
„Ај, наведи с’, вода да попијеш,
„Сега брго срце ќe т’ помини !
Се наведе Муса кесаџија,
Се наведе, вода да си пије;
Ми ја стисна сабја колаклија,
Ми ја стисна дете Секуленце, —
Уште једнеш тенка половина,
Ми го удри на саштото место!
Черек саат трупо ми трчало,
Ми трчало п’ убава невеста,
Черек саат дете ми бегало!
Ами Марко, Марко маѓесница,
Ами Марко, крива просјачина,
Марко седи, само сејир гледа;
Нема редо да дојди на него,
Нема редо да му земи крајо!
 
Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu