Откријте го Мариово

Останало дете Секуленце,
Останало дете сираченце, Мал’, малечко, шес-седум години;
Ми ја праша негов’ стара мајка:
„Дејди, мајко, стара моја мајко,
„Да л’ да јодам по пат кесаџија,
„Да л’ да јодам в’ гора јарамија,
„Да му платам до девет вујчеви ?” —
„Дејди, синко, дете Секуленце,
„Кој ќердосал пo пат кесаџилак,
„Кој вајдосал в’ гора јарамилак?
„Ај, наврти во Ледина града,
Тамо имаш до девет вујчеви,
„Да ти дадат једна руда јовца,
„Да ти дадат једна сура крава,
„Да ти дават сива кобилица, —
„Ќе си имаш колко да живејеш.”
Си јотиде помали Секула,
Си јотиде во Ледина града:
„Добра вечер до девет вујчеви!”
Изговори постаријо вујко:
Турете го доле во пондила!
Натема го дете Секуленце,
Изговори това да зборува:
„Арно прашав моја стара мајка,
,Јал’ да јодам по пат кесаџија,
„Јал’ да јодам в’ гора јарамија,
„Да му платам на мојте вујчеви?!”
Изговори постаријо вујко:
„Дај Бог добро, моје мило внуче,
„Што те мајка тебе поучила?” —
„Мајка м’ пушти, вије да ми дај’те,
„Да ми дајте једна руда јовца,
„Да ми дајте једна сура крава,
„Да ми дајте сива кобилица.”
My дадова, дете испратија.
Дојде редо, овци с’ изјагнија,
Дојде редо, крави с’ истелија,
Дојде редо, коњи с’ иждребија.-
Се ождреби сива кобилица,
Се ождреби ждребе бележито —
Стребрен’ гриво, позлатено ного!
Што дочуло царе Сулијмане,
Сулијмане царе од Стамбола,
My допушти дете Секуленце,
 My допушти једна бела книга,
Да донеси ждребе бележито.
Си киниса дете Секуленце,
Си киниса, солзи си зарона.
Негов’ ждребе јука го јучеше-.
„Дејди”, рече, „дете Секуленце,
„Ќе јодиме цара од Стамбола,
„Глава давај, ами мен’ не давај!”
Што ми вјана дете Секуленце,
Што ми вјана коњче позлатено,
Си киниса по бели друмови;
На пат стрете дробните дечиња,
Ќе ми држат једна црна чавка.
Изговори коњче да зборува:
„Дејди, дете, дете Секуленце,
„Ајде, слези, чавка да јоткупиш, —
„Таја ќ’ биди наша посестрима!”
Уште малко тија поодија,
Ми најдоа једно сиво сокле,
Ќе ми кова тије црни мрави.
Изговори коњче позлатено:
„Дејди, дете, дете Секуленце,
„Разбркај го сива соколина,
„Да не кова тије црни мрави, —
Тија ќ’ бидат наши побратими!”
Уште малко тија поодија,
Наближија кај сињото море;
Ја видоа једна мренка риба,
Ќе ја држи једна лута змија.
Изговори коњче да зборува:
„Дејди, дете, дете Секуленце,
„Ајде, слези, риба да откиниш, —
Таја ќ’ биди наша посестрима!”
Отидоа цара Сулијмана,
Ми влегоа во царските порти.
Изговори царе Сулијмане:
„Дејди, дете, дете Секуленце,
„Да ми дадиш коња бележита!” —
„Глава давам, царе Сулијмане,
„Глава давам, ждребе не го давам!”
„Дејди”, рече, „дете Секуленце,
„Ќе ми појдиш преко сињо море,
„Ќе ми појдиш краља Димитрија,
„Ќе му земиш неговата ќерка.”
Ми јотиде дете Секуленце,
Ми јотиде преко сињо море,
И со коњче ми се разговара,
Како ќерка ќе си му ја зимат?
 Изговори коњче позлатено:
„Дејди, дете, дете Секуленце,
„Разиграј ме зелени чајири,
„Разиграј ме пред краљски палати, —
„Ќе се сторам болно, бре, јоднало!
„Ти ќе јодиш краља Димитрија,
„Ќе му збориш краље Димитрија:
„„Дејди, краље, краље господаре,
„„Коњче ми се, коњче урачило;
„ Ред по редум да го очекорат,
„Да м’ помини болка, бре, јоднало,
,,Да м’ помини коњче бележито!”
Натема ја краљска рака долга:
Стасуваше од грбо до газо!
Што ј’ пособра краље Димитрија,
Што ј’ пособра сете, бре, граѓани,
Да г’ чекорат ждребе бележито,
Бележито ждребе позлатено:
Ред по редум, сете с’ изредија,
Дојде редо на кралевата ќерка;
Она с’ врли ждребе да чекори,
Ами ждребе и тоа се врли!
Рипна дете, дете Секуленце,
Го потера во темни јоблаци,
Ми ја грабна кралевата ќерка!
Ми го пуштил крале Димитрија,
Ми го пуштил Груја Шестокрило,
Да ми вати дете Секуленце;
Он преплива тоа сињо море,
Дори Грујо, Грујо да се спрема!
Ко’ бегаја преко сињо море,
Што ји падна јубава девојка,
Што ји падна бело јогледало.
Ја занесе цара Сулијмана,
Ја занесе јубава девојка.
Цар ји вели, вели јем говори:
„Ој, девојко, јубава девојко,
„Ајде двата да се заљубиме!—
„Дејди, царе, царе Сулијмане,
„Колај бива, царе, за лубење;
„Што ми падна моје јогледало,
„Што ми падна во сињото море, —
„Крај да бараш, да ми го донесиш!
Изговори царе Сулијмане:
„Дејди, дете, дете Секуленце,
„Ај, да појдиш во сињото море,
„Да ми најдиш бело јогледало!”
Си киниса дете Секуленце,
Си киниса, дете ми заплака:
Кај да најди в’ море јогледало?
Изговори коњче да зборува:
„Дејди, дете, дете Секуленце,
„Што си имаш риба посестрима,
Тоа ли го и ти гајли бериш?!”
Јотидоа кај сињото море,
Извикаја риба посестрима:
„Ој ти рибо, рибо посестримо,
,,Ај, да бараш бело јогледало,
„Што ј’ паднало од кралската ќерка!
Што ми дојда риба посестрима,
Заповеди големи и мали,
Да бараја бело јогледало.
Нез’на дума послушана била:
Го најдоа бело јогледало,
My го дале дете Секуленце,
Го занесе цара Сулијмана.
Изговори царе Сулијмане:
„Ој, девојко, јубава девојко,
„Ајде двата да се залубиме!” —
„Дејди, царе, царе Сулијмане,
„Колај бива за да се лубиме;
„Да замешаш девет кила жито,
„Девет кила секакви семиња, —
,Да замешаш и да ји излачиш!
Царја скупи девет кила жито,
Девет кила секакви семиња.
Ми извика царе Сулијмане:
„Дејди, дете, дете Секуленце,
„Да излачиш секакви семиња!”
Си заплака дете Секуленце:
Кај д’ излачи секакви семиња?
Изговори коњче да зборува:
„Дејди, дете, дете Секуленце,
„Ти си имаш мрава побратима,
„Тиј ќ’ излачат секакви семиња.”
Дете викна мрава побратима,
Тој пособра сете црни мрави,
Ми излачат секакви семиња.
Изговори царе Сулијмане:
„Ој, девојко, јубава девојко,
„Ајде двата да се заљубиме!”
Изговори јубава девојка:
„Дејди, царе, царе Сулијмане,
„Колај бива за двата лубење;
„Да ми одиш преку сињо море,
„Да м’ донесиш моје бело руво,
„Да м’ донесиш свилени кошули,
 „Да ји земиш краља Димитрија!
Стана царе, царе Сулијмане,
Го натера дете Секуленце,
Да јотиде краља Димитрија,
Да донеси незно бело руво,
Да донеси свилени кошули.
Си киниса, дете си заплака;
Ами коњче, коњче бележито,
Ми го јука, јука го јучеше:
„Дејди, дете, дете Секуленце,
„Ти си јимаш чавка посестрима,
„Ќе извадат незно бело руво,
„Ќе извадат свилени кошули,
„Ќе ј’ донесат на зелени чајир.”
Дете вјана коњче позлатено,
Ми преплива тоа сињо море,
Ми извика чавка посестрима,
Да извади руво венчаничко,
Да извади свилени кошули,
Да ји земи краља Димитрија.
Што ми дојда чавка посестрима,
Што ј’ пособра чавки пријатели,
Ми летнаја во краљски палати,
Го зимаја руво венчаничко,
Ји зимаја свилени кошули,
Донесоа на зелени чајир;
Донесоа, јопет потегнаја,
Однесоа царја од Стамбола,
My дадоа царе Сулијмане.
Изговори царе Сулијмане:
„Ој, девојко, јубава девојко,
„Ајде двата да се заљубиме!
Изговори јубава девојка:
„Дејди, царе, царе Сулијмане,
„Колај бива за двата лубење;
„Да намолзиш до девет казани
„Бело млеко јод морски кобили,
„Да ји завриш.. да ми се искапиш,
„Тогај није ќе се залубиме!”
Го натера царе Сулијмане,
Го натера дете Секуленце:
„Дејди, дете, дете Секуленце,
„Ти да појдиш кај сињото море,
„Да намолзиш до девет казани,
„Да намолзиш јод белото млеко,
„Бело млеко јод диви кобили!
Си киниса, дете си заплака;
Ами коњче. коњче позлатено,
Изговори коњче да зборува:
„Не ми плачи, дете Секуленце,
„Ќе јодиме кај сињото море,
,Јаз ће свршам оваја работа.”
Отидоа кај сињото море,
Он ми вати, коњче бележито,
Он ми вати диви кобилици;
Ми собраја до девет казани,
Ај, казани тоа бело млеко,
Донесоа цара Сулијмана,
Донесоа, огањ го завреја.
Стана царе, царе Сулијмане,
Ќе го врли дете Секуленце,
Да ми с’ дете првното искапи.
Си киниса, дете си заплака:
Кај ќe влези млеко узаврено!
Ами коњче, коњче позлатено,
Изговори коњче да зборува:
„Дејди, дете, дете Секуленце,
 „Да ме врзаш поблиску до тебе;
„Кога тебе царја ќe те врли,
„Ќе издинам, млеко ќe изладам, —
„Ќе излезиш цел’јо позлатено!”
Ми го врли царе Сулијмане,
Ми го врли дете Секуленце,
Ми то врли во девет казани;
Коњ ми здина студени здијови,
Ми излади млеко узаврено, —
Се искапи дете Секуленце,
Ми излезе дете позлатено!
Изговори царе Сулијмане:
„И јаз имам коње јергелиња,
„Јаз ќe згријам, бре, девет казани,
„Ќе наврзам коње јергелиња,
„Ќе ј наврзам за девет казани,
„Ќе се врлам во белото млеко,
„Ќе се врлам млеко узаврено, —
„Ќе ми здинат, млеко ќe изладат,
„Ќе излезам и јаз позлатен!”
Цар ми врза коње јергелиња,
Ми се врли во млеко заврено;
Ами царски коње јергелиња
Се склоцаја, коње се скасаја,
Ми остана млеко узаврено,
И остана царја во казана,
Ми се свари царе Сулијмане;
He излезе царја позлатен,
Туку остана мртов во казана!
 Ми јостана дете Секуленце,
Се залуби с убава девојка;
Останаја на царски палати,
Останаја на царска столнина!

Извадок од:
Маријовци у песми, причи и шали
Д-р ВОЈИСЛАВ С. РАДОВАНОВИЌ

 

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu