Еден земски кмет во Мариово по име Јован Гуџакле од село Бешиште бил поврзан во турското време со некој Али паша во Солун.
Овој му испраќал на пашата награди, бакшиши, да речеме по наше мариовски. Заробил една девојка и му ja пратил на пашата. Девојката била од село Вепрчани, а оделе дури до Солун. Девојката се викала Велика. Пашата имал неколку сина. Најмладиот син се викал Велир. Toj бил бег во некое село и девојката му ja пратил на нajмaлиoт син, на Велира, за во харемот или за жена.
Коа ja завеле девојката таму, тој имал три жени и ја питал вaja Мариовката:
– Како се викаш ти?
– Се викам Велика!
Е рече:
– Ти си Велика, jac сум Велир, нема да ми бидиш жена, ами ќе ми бидиш сестра. И така не можам да те држам тука. Као сестра, шо сакаш од мене да ти стора?
Таа рекла:
– Да ме заведиш кај мајка ми, кај татко ми.
– Не можа да те заведа jac, ами ќе те пуштам, ако можиш да си појдиш како знајш и ако те фатат ќе речиш дека си бегана, избега. Ако научат нашите татко ми, браќа ми и општо Турците за мене нема живот. Jac не сакам да бида онаков како што сакаат да бидат сите Турци!
А пуштил и таа си тргнала од село на село, од планина на планина. Било ноќно време, есено време. Toгај се претеруале миатски овци, така викани. Видела еден оган кaj гори, таму биле овчари. Кроце, кроце не а сетиле пците, пошла до оганот на овчарите. Биле Шиптари, Албанци. И таа со идењето им рекла:
– Добро вечер, браќа.
Овчарите биле едниот од четириесет и пет години, а другиот деветнаесет – дваесет години. Младото дете шо било Шиптарчето, скочило на нога и рекло:
– Дал ти бог добро, сестро. Од каде ти овде на овоа доба, во ноќта?
Таа раскажала како е занесена кај Али паша, како избегала од тамо и дошла до тука и дошла до тука, ама исцрпена и гладна, затоа се навратила на огнот, ако може да добие, да вечера. Тие вареле качамак, а нараниле и тој малиот му веле на стариот. Стариот бил малце намуртен:
– Јас, девојката ќе ја вода кaj татко и, бесата си je бес, тaja ми je сестра, jac мора да ja заведа кaj татко и!
Од таму навраќаат од Добро Поле до така нареченото место Дрен. И тука и фатуе веќе денот и девојката веле:
– Овде je селото Бешиште, тука е тој кметот и неговите соработници. Не можеме да поминеме сега ами ќе останиме во денот тука. Вечер ќе поминиме, jac го знам патот. Ќe појдеме до нашто село.
Така и направи. Навалил оган, ама леб немаат. Виделе оган горе, отишле таму, овците од Гуџаилето биле, овчарите и овците од Гуџаилето. Му побарал тој на овчарите млеко, едно котле млеко, еден сомун леб и отишол кај девојката. Поручале. Тогај кај овците дошол самиот Гуџаиле, заедно со неговиот везир, оти тогаш земските кметови биле со везири:
– Што има ново? – питал.
– Нема ништо, ама едно Албанче дојде за леб и млеко, водел некоја девојка, рече дека девојката е од Вепрчани.
Така му раскажало тоа тука на овчарите:
– Таа е наша девојка. – Му веле Гуџаиле.
Коњот и кај што горел оганот во Дрен. Оде и најдуе и на девојката и веле:
– Каде, мори, кучко ти овде, нели jac те прати во Солун?
Таа не знаела ништо да одговоре. Шиптарчето му веле:
– Чорбаџи, земи си го зборот назад. Девојката ја а носа кај татко и, тaja ми je сестра мене.
– Каква сестра – рече – бре гомно!
Се фаќа за кубурот Гуџаиле, али тој дури да се фати за кубурот и Шиптарот побрз бил на кубурот и го отепуе Гуџаилета. Везирот почнал да бега и Шиптарот не пукнал на него, го оставил да бега. Toj избегал и така девојката останала со Шиптарот, а Гуџаилета го закопале во Дрен. Денеска тоа место се вика Гуџаеловиот Гроб.
Девојката се врака кај татка и. Татко и го наградува. Неколку време поседуа туа и веќе не оде кај овците, ами се упатил на правецот Кавадарци – Демир Капија – Едрене. Таму се главил кај некој бег и кај бегот остануа подолго време. Стануа многу добар работник, го кладуа ќаја на чифликот, а бегот бил министер кaj царот. Едно време вој му напишуа едно писмо на царот, му го дава на бегот:
– Овоа писмо ќе му го дадиш на царот, со клетва, – како било турски – жити бога!
И бегот не а погазуа клетвата, му го дава на царот. Овој во писмото му пишува се како девојката била водена од Мариово за Солун, за Али паша, како избегала, како се вратила назад и нajпосле му кажува какви зверства врши Али паша: потурчуа народ и слично. Toгај царот се обратуа на Али паша. Али паша на царот му отвара војна и со војна e сменет Али паша и на негово место доидуа за паша Шиптарчето.
ИНСТИТУТ ЗА ФОЛКЛОР „МАРКО ЦЕПЕНКОВ” – СКОПЈЕ
МАКЕДОНСКО НАРОДНО ТВОРЕШТВО
НАРОДНИ ПРЕДАНИЈА
КНИГА 1
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПРЕДАНИЈА
Подготвил
ТАНАС ВРАЖИНОВСКИ
СКОПЈЕ – 1986
Booking.com