Девојко мори Гркинко,
мене ме пушти мајсторо,
да ти покроја вујстанот.
-Дејгиди дете шегртче,
дека ме видел мајсторот
да ми покроји вујстанот?!
-Девојко мори Гркинко,
кога одеше на бања
со стојпедесет бочници;
колку е ѕвезди на небо,
толку е шарки на него;
кога одеше на бања
со петнаесет алајки,
со дванаесет робинки.
Алајки поли крепеа,
робинки патој метеа,
ропчиња патој требеа,
ченгии ора играа!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Таневска, родена 1907 година во с. Брник, а омажена во с. Долно Ореово Битолско; кога ги запишував песните (1959) Менка имаше 52 години.
Вид на песна: семејна