Димитри, синко Димитри,
барај си жена,жени се,
да меса и печа не можам,
не можам бело да перам,
не можам ситно да крпам!
– Мајко ле, стара мајчице,
земја краина ишетав
лика за мене не најдов.
Изнашол сум си изнашол
бре една жолта Еврејка!
Мајка на Дима велеше:
-Димитри, синко Димитри,
ако е жолта Еврејка,
ако е лика за тебе,
попот ќе ни ја прекрсти.
Моме на Дима велеше:
-Димитри, момче убаво,
не сум си жолта Еврејка,
Македонка сум си од срце.
Кога се уриет правело
мајка ме мала фрлила
покрај белога Вардара.
Помина жолта Еврејка
ме зеде она однесе!
Кога во црква влегаа
кандила гаснат и трептат,
пилците пеат жалосно.
Попот му вели говори:
-Деј гиди момче Димитри,
зошто сте толку греовни?
Мајка на Дима велеше:
-Димитри, синко Димитри,
Ленка е ова сестра ти!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач: БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Митре Петковски – Жиовецот, роден 1878 година во с. Жиово; работел, се оженил и живеел во с. Старавина, а покасно се преженил и живеел во с. Груниште. Во 1953 тој имаше 75 години.
Вид на песна: балада