Откријте го Мариово

Добре дошле стројници!
-Мажете ја момата!
-Дури не го жените,

ние на ја мажиме!
-Слепа ви е момата
на Велигден везела
очите гиздупила!
-Криво ви е момчето,
на Ѓурѓовден орало
нозете ги скршило;
павти носи момчето
тие му се крпите,
коцењ носи момчето
тоа му е перчето.
Татко и ја прашаше:
-Ој ти мила ќерколе,
кој те тебе излага?
Она му одговори:
-Тој ми мене велеше,
дојди Спасо дојди,
имам каца пари!
Кога појдов, татко,
една каца глувци!
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Димитар Каровски, роден 1922 година во с. Груниште; 1953-та имаше 31 година.
Вид на песна: хумористична

Не пропуштајте

Leave a Reply

Close Menu