ДОНКА СТОИ НА ПОРТАТА – лирска песна

Booking.com

Донка стои на портата,
Андон врви крај портата,
глава му е преврзана
со шамија џунџулеста.

Донка си го упитува:
-Андониче мило внуче,
што ти глава преврзана?
-Ој ти Доцо, тето Доцо,
дил ме питаш ќе ти кажам,
крај Варош сношти заминав,
покрај Варош кај чешмите;
варошанки таму најдов,
три девојки токмуглави,
една лика, една снага;
јас му велам добровечер,
они велат дојди вечер,
дојди вечер пред вечера
кога Турци вечераат,
Арнаути кафе пијат.
.
Преземено од книгата: ЦУТ ЦУТИЛА ЧЕРЕШВИЦА
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПЕСНИ ОД МАРИОВО
Автор: БОЖО СТЕФАНОВСКИ
Издавач:  БИГОСС – Скопје
СКОПЈЕ 1995
Лице од кое е забележана песната: Менка Марчевска, родена 1912 година во с. Будимирци, омажена во с. Петалино а премажена во с. Груниште; тогаш (1953) таа имаше 41 година.
Вид на песна: семејна

Booking.com