Некојси Дошо бил козар, пасел бројно стадо кози. Имал и крупни прчови. Некои биле поголеми од Дошо.
Кога еднаш Дошо, пасејќи ги козите, се искачил на еден висок камен, истрчал еден прч и му ги ставил предните нозе на рамена, во знак на блискост. Но Дошо не можел да се додржи од тежината на прчот и се струполил од каменот – паднал врз остри помали камења и останал на место мртов. Така го загубил животот на остриот камен кој е како делкан. Оттогаш каменот градешничани го викаат Дошов камен.
Booking.com